Вина на Стоби наградени со злато и сребро на винскиот натпревар во Софија

Од:

Виното „Сирах 2011“ на винаријата Стоби доби злато, а „Вранец Веритас 2011“ и „Шардоне барику 2012“ од истата винарија сребро на Меѓународниот Балкански вински натпревар кој се одржа во Софија.

– Наградите од вакви натпревари се подеднакво важни како и претставувањето на саеми, ако таму ја добивате потврдата од директните консументи овде квалитетот на вината е оценуван од вински експерти и сомелиери со светско реноме што ја потврдува тежината и важноста на награда. Сето тоа прави Стоби вината да бидат барани на европските пазари, препознатливи и ценети што е огромна придобивка и за нас како винарија, а и за Македонија како вински регион, вели Дане Јованов, директор на Винарија Стоби.

Вината на Стоби се натпреваруваа во конкуренција од над 300 вина од сите балкански држави. Оценувачи на квалитетот на вината беа познати сомелиери и вински експерти од светски ранг како Каролин Гилби, Род Смит и Константинос Лазаракис.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8