„Вил Хил“ престана да прима уплати за излегување на Грција од еврозоната

Од:

Британската букмејкерска компанија „Вилијам Хил“ (William Hill) денеска соопшти дека престанала да прима уплати за евентуалното излегување на Грција од еврозоната заради приливот на уплати токму со ваквото се поочигледно сценарио, пренесува БТА..

„Под вакви нестабилни околности, во кои настаните можат да се развиваат многу брзо, тешко е да ја гарантираме точноста на нашата работа“, појасни портпаролот на компанијата, која прима спортски уплати, но и за секакви други настани.

Пред да запре со примање уплати „Вил Хил“ нудеше коефициент од 2/9 или доколку вложиш девет фунти добивката ќе ти биде две фунти за Грција годинава да остане во еврозоната. За нејзино излегување од еврозоната соодносот беше од 5/1 до 3/1 (вложуваш една фунта за да добиеш три).

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски