(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Учениците ќе мрзнат, а градоначалникот се луксузира

Од:

За СДСМ Прилеп, недомаќинското и неодговорно трошење на парите од прилепчани, станало препознатлив знак за Марјан Ристески и неговиот тим директори.

Потсетија, на последната седница на Совет на Општина Прилеп, која градоначалникот Ристески повторно ја избегна, мнозинството на ДПМНЕ, велат,  слепо изгласа ребаланс на буџетот, со единствена цел – предизборен популизам и покривање на загубите во ЈК П-ја, продуцирани од расипничкото и раскалашено однесување на директорите на ДПМНЕ.

„Граѓаните на Општина Прилеп треба да знаат дека за прв пат буџетот има дефицит од 30.8 мил денари, дека за прв пат Општината е кредитно задолжена и ќе плаќа камати, дека за првпат ЈКП се загубари, дека за прв пат нашите деца ќе се мрзнат во зима по училниците. Сето ова како резултат на неодговорноста на градоначалникот Ристески, и неспособноста на неговите директори. Каква и да биде нивната реакција, ова се фактите и вистината“, рече Сашо Велески.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса