(ВИДЕО) Заев: Одговорноста на граѓаните и функционалниот даночен систем обезбедија раст на приходите за поквалитетни услуги

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, учествуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на даночници и на даночиот систем во Република Македонија.

Премиерот Заев на настанот во организација на Управата за јавни приходи, имаше свое обраќање.

„Денот на даночниците, утврден според датумот кога пред 71 година беше воведен даночниот систем на Република Македонија, е признание за втемелениот труд и посветената работа на даночните работници.

Во чест на таа ваша значајна општествена улога, дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија да ви го честитам денешниот ден и да ви посакам успешна работа и во иднина.

Плаќањето на даноците и другите обврски значат – ОДГОВОРНОСТ кон државата. Станува збор за основната функција на државата преку која се обезбедува нејзиното нормално функционирање.

Јавните приходи ги овозможуваат јавните услуги. За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови болници и амбуланти, нови училишта и градинки, нови патишта и инфраструктура, за да има доволно пари за пензии и плати во јавната администрација, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка, за да ни оди државата напред – плаќањето на даноците мора да биде императив како чин на заедништво, човечност и колективна зрелост.

За да одговори државата на обврските кон граѓаните и нивните потреби тие мора да ја исполнат одговорноста кон државата“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа