(ВИДЕО) Заев-Анѓушев: Значајно е стопанските комори од Западен Балкан да се здружуваат

Од:

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа состанок помеѓу Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и економскиот тим на министри со делегација на Коморскиот инвестициски форум предводена од претседателот Марко Чадеж и заменик претседателот, Бранко Азески.

„Денеска ја имаме честа да ги удостоиме со наше гостопримство претседателот на Коморскиот инвестициски форум Марко Чадеж и претставниците на стопанските комори од регионот, на чело со нашиот претседател кој воедно е и заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески. Ќе одржиме заедничка средба на којашто ќе ги размениме искуствата, размислувањата и идеите за тоа како да ја интензивираме економската соработка помеѓу нашата земја, Република Северна Македонија и земјите од регионот. Ќе разговараме и за тоа како да ја подобриме конкурентноста на нашите економии преку поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји во Западен Балкан, како да ја зголемиме трговската размена помеѓу нашите земји и да работиме на поголема регионална економска соработка и трговска интеграција“ нагласи Заев.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пред состанокот со регионалниот инвестициски форум на Западен Балкан, го честиташе јубилејот на Стопанска комора на Македонија, која одбележува 97 години од постоњето, пришто истакна дека ретки се институциите, како кои може да се пофалат со долговечност и траење од речиси еден век. Тој дополни дека денеска доделените признанија на одредени стопанственици по повод јубилејот ќе бидат поттик на компаниите за понатамошен раст и развој.

„Индустријализацијата на Република Северна Македонија се одвива во одлична насока, а тоа се покажува преку сите статитистички параметри. Би сакал да ја истакнам значајноста на тоа што сите стопански комори од Западен Балкан се здружени, важно е коморите и компаниите од сите земји да соработуваат регионално. Суштински важно е да ние како регионо соработуваме помеѓу себе, а потоа да ја зголемуваме меѓусебната соработка со ЕУ и развиените земји, на тој начин помалку ќе тежиме на Унијата. Императив е да се забрза и подобри соработката помеѓу државите, но и помеѓу компаниите од земјите од Западен Балкан“, подвлече Анѓушев.

 

 

Би можело да ве интересира

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

Македонскиот пазар е стабилен, има доволни количини на квалитетни и безбедни конзумни јајца

Горан Наумовски

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Oтворено писмо до јавноста од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија