(ВИДЕО) Велковски: Изградбата на Коридорот 8 ќе придонесе кон зголемување на трговската размена и развој на економијата

Од:

Со најголемиот добиен грант за еден инфраструктурен проект од 68,6 милиони евра следува изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија, важен дел од коридорот 8. Со овие средства се кофинансира изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка во вкупна должина од 34 километри. Во меѓувреме, веќе се надминати пречките започнува забрзана изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар. Заокружено е финансирањето, изградбата на Коридорот 8 станува стратешки инфраструктурен проект на Владата предводена од СДСМ, рече Диме Велковски, пратеник од СДСМ.

– Конечно граѓаните на Македонија и Бугарија железнички ќе бидат поврзани. Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот. Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните. Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица. Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг. Овозможуваме Пелагонискиот регион повторно да биде железнички поврзан со Грција и со солунското пристаниште. Освен за граѓаните на Битола и Пелагонискиот регион, оваа железница е значајна придобивка и за индустриската зона Жабени односно компаниите во неа, рече Велковски.

Тој додаде дека со тоа ќе се олесни транспортот и протокот на стоки и услуги.

Се олеснува транспортот, протокот на стоки и услуги.

– После 11 години застој, после деценија потрошена без да се изгради ниту еден километар железничка линија интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата. Се градат и реконструираат патни правци низ целата држава, се градат пруги и се модернизира железничкиот сообраќај, се одвојуваат повеќе пари за гасификација, водоводни и канализациски мрежи. Придобивките се огромни за граѓаните, но и за компаниите. Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, развој, повисок животен стандард и услови за квалитетен живот на сите граѓани, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра