Буџетот за 2015-та година, од страна на расходни позиции, предвидува догодина за социјални трансфери да се потршат фантастични 1,3 милијарда евра,повеќе од 300 милиони евра за стоки и услуги, само по основ на камати за долгови 100 милиони евра, каде не се предвидени основици за кредити, а за плати во администрација 400 милиони евра.
Според професорот Ванчо Узунов, кој ги споредуваше буџетите од 2013-та и 2014-та година со буџетот за идната година, единствено што има зголемување се каматни плаќања, и отплата на главнина која е поголема за 141%. Тој потенцираше дека главниот и најважен е проблемот на задолженоста. Тоа почнува 2015-та година.
– Ќе има повторно голем буџетски дефицит, буџетот ќе биде многу поголем, зашто расходите и приходите не се остваруваат, но посебно приходите не се остваруваат. 370 милиони се за 2015-та година предвидени и ние имаме, екстра голем дефицит, голем дел од парите ќе одат за плаќање на заеми, и ние иако ќе потршиме повеќе пари во 2015-та, ќе бидеме посиромашни зашто голем дел од парите ќе се враќаат назад, капитални расходи нема да има, а другото повеќе или помалку ќе биде како минатите години, рече Узунов.
Структурата на буџетот е следна -даночни приходи 72 проценти, неданочните мали, капиталните приходи се мали, трансфери и донации од локална за централна власт во буџетот е втор најбитен извор на средства, што е многу интересно, рече Узунов.
Споредено со буџетот од 2013-та година, кај даночните приходи има зголемување за 8 проценти, многу помалку на неданочните приходи, 50 насто помалку, капитални приходи малку-се се продаде, и повторно најголем раст-трансфери и донации, задолжување дома и во странство.Овие работи кажуваат дека немаме на што да се потпираме на извори на приходи.
Единствено нешто што е реализирано е домашно задолжување, ниедна друга приходна стапка не се остварила во 2013-та година. Вупниот буџет, приходите биле на крај помали од предвиденото во 2013-та година.
Спореден буџетот со 2014-та година покажува дека најмногу расте ставката – трансфери и донации и тоа од локалната кон централната власт. Даночни приходи има малку повеќе, во капиталните нема зголемување и ќе има домашно задолжување и од страство.
– Интересно е што платите на јавниот сектор се покачуваат за 5 отсто секоја година-а тоа не постои како буџетска ставка, нагласува професорот Узуновски.
Капитални расходи во 2015-та година споредени со 2013-та се помали за 44%, а ние треба да се потпираме на капиталните, зашто нели Македонија е едно големо градилиште, како викаше министерот.
Единствено што има зголемување е каматни плаќања, и отплата на главнина која е поголема за 141% поголема од главнината во 2014-та година. Тоа е важното и тоа е проблемот на задолженоста. Тоа почнува 2015-та година.
Ќе има повторно голем буџетски дефицит, буџетот ќе биде многу поголем, зашто приходите не се остваруваат, и расходите не се остваруваат а посебно приходите не се остваруваат. 370 милиони се за 2015-та година предвидени и ние имаме, екстра голем дефицит, голем дел од парите ќе одат за плаќање на заеми, и ние иако ќе потршиме повеќе пари во 2015-та, ќе бидеме посиромашни зашто голем дел од парите ќе се враќаат, капитални расходи нема да има, а другото повеќе или помалку ќе биде како минатите години, анализира професорот Узунов, вечерва на дебатата на тема „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.