Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов и претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски учествуваа на експертска дебата на тема: „Праведно оданочување – алтернативи и предлози за реформи во даночниот систем“.
„Втор показател за разликите во Македонија. Најбогатите 10 проценти имаат скоро 17 пати поголем вкупен доход од најсиромашните 10 проценти. Значи еве, седумнаесет пати, нема идеална мерка како тоа треба да биде, но седумнаесет пати, не е премногу?
Гледајте како и што се случува со најбогатите 10 проценти споредени со најсиромашните 10 проценти во случајот на Македонија, и нашето соседство, Албанија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија.
Ние сме шампиони во разликите!
Што поголема капиталистичка земја е Македонија од сите овие други? Тука само две се членки на ЕУ. Овие разлики се важни, кога зборуваме за нееднаквост во Република Македонија.
Коментарите од типот дека рамен данок е капитализам, прогресивен данок е социјализам не се точни, нема да се враќаме ние во социјализам, а со вакви стереотипи и дебати базирани на вредносни судови, не стигнуваме до решение“, рече Ванчо Узунов.