(ВИДЕО) Трипуновски: Во Македонија е увезено млеко од Србија и пуштено во промет со амфлатоксин М1, кој и зошто ги труе граѓаните со канцерогени супстанци?

Од:

Во 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3-ти февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова е резултатот од лабораторијата врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење. Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија, изјави Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност. Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија.

Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето? Дополнително, до нас пристигна и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната. АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија? Апелираме до граѓаните на максимална претпазливост. Од АХВ свесно или несвесно се пушта храна со канцерогени материи кои што се штетни по здравјето на луѓето. Воедно апелираме до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира. Доколку не знае како, нека си поднесе оставка – рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството