(ВИДЕО) Тренов: Животот кој што го ветуваше власта на СДС и Зоран Заев на свој грб најлошо го почувствуваа земјоделците

Од:

„Животот кој што го ветуваше власта на СДС и Зоран Заев на свој грб најлошо го почувствуваа земјоделците. Со недели трае агонијата на производителите на пиперки од пелагонискиот регион кои не може да обезбедат откуп на над 1000 тони пипер од сортата Куртовска капија, а министерот за земјоделие и целокупната влада мува не ги лази.

Селективно се откупувале пиперките, по партиска линија , но и на нив им се нудат откупни цени од 3 до 5 денари, сума која што не може ниту вложеното да им го врати. Само за споредба ланската година цената изнесуваше 8 до 10 денари по килограм. Затоа денес на земјоделците им е поисплатливо да ги фрлат, отколку да добиваат навредлива сума на пари. Да биде уште поскандалозно една од фирмите што вршат откуп е фирмата „Трго-продукт“ на кланот Заеви кои на секој можен начин ги давалвира земјоделците од пелагонискиот крај. Еве го најдобриот показател за нивната негрижа за потребите и стандардот на граѓаните. Ова е лажното душегрижништво на СДС.

За жал пак се вратија времињата на транзицијата кога земјоделците беа маргинализирана категорија, кога никој не им го вреднуваше трудот и кога постоеше неизвесност секоја нова сезона.

Повикуваме Владата веднаш да интервенира, да изврши контрола на откупувачите и на итна седница да предвиди дополнителна парична помош по по единица површина.

На овој начин Владата на СДС ќе покажат вистинска грижа и одговорност кон земјоделците, во спротивно земјоделството во државата ќе тоне, а фирми како „Трго продукт“ ќе остваруваат екстра профити на судбината на илјадници земјоделски семејства во државата“, изјави Ромео Тренов.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ