Потпретсеадтелот на СДСМ Узунов и претседателот на Комисијата за економија Тевдовски во своите обраќања објаснија зошто прогресивниот данок, односно оној кој има повеќе да плаќа повеќе данок, а оној кој има помалку да плаќа помалку данок, е решение за ситуацијата во Македонија.
Рамниот данок што го воведе актуелната власт дополнително ги осиромашува сиромашните, а ги богати богатите, е еден од изложените аргументи. Узунов и Тевдовски се осврнаа на потребата од правичен даночен систем во Македонија.
„Ако сакаме да бараме оптимален систем, мора да водиме сметка за двете страни, едната е неефикасноста на пазарот, а другата е неефикасноста на државата. Ако ја гледаме неефикасноста на државата, паралелно со воведување редистрибутивни механизми, како даноци и социјални подобри трансфери, пред `се мора да кажеме како ќе ја подобриме неефикасноста на државата.
Мојот став е дека прво, мора да има значајно зголемување на фискалната транспарентност за тоа како државата ги троши парите. Тоа е првиот и најважен чекор за луѓето да почнат да веруваат во редистрибутивните механизми. Второ, во Македонија ние немаме доволно податоци ниту да направиме анализа на ниво на западноевропските земји. На пример, не се објавуваат адекватни податоци за распоредот на доходот, да видиме, по децили како – тоа треба да бидат податоци од УЈП што ќе ги даде Министерството за финансии, по децили на население, како се плаќа персоналниот данок на доход.
Секоја година се даваат податоци за кои се најбогати, некои кои плаќаат данок, но немаме транспарентни податоци за распоредот на овие плаќања. Кога зборуваме за неефикасноста на државата, мора оваа држава да вметне механизми за контрола врз власта, да имаме механизми што ќе ја контролираат власта.
Ако гледаме кај даноците, апсолутно, од ова се гледа дека на Македонија `и треба поправеден персонален данок на доход што ќе има повеќе стапки што ќе содржи враќање на платен персонален данок за граѓаните кои имаат ниски месечни лични доходи и повисоки даночни стапки за оние еден процент или неколку проценти од најбогатите, чии учество во доходот многу се зголемува сите овие години“, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.