(ВИДЕО) Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ најавува амандманска интервенција во законот за минимална плата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи најавениот Закон за минимална плата, изјави на денешната прес-конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата во чие време за првпат се воведе овој концепт, но за разлика од сега, наместо да чекаме преговори меѓу засегнатите страни и до последен момент да не се знае колкава ќе е минималната плата, во минатото минималната плата се знаеше однапред најмалку една година“, посочи Стојаноски.

Според него, таквата политика доведувала до предвидливост кај стопанските субјекти на идните трошоци кои ќе ги имаат за вработените.

„Во оваа прилика би сакал да истакнам дека со новиот Закон за минимална плата и она што е договорено, според тоа што го пренесоа медиумите, државата преку собраните даноци во 2022 година ќе даде над 50 милиони евра за субвенција на плати“, кажа претставникот на опозициската партија.

Тој најави амандманска интервенција на законот со цел, како што рече, да не се дозволи урамниловка односно изедначување на платите и демотивација кај вработените кои имаат поголеми работни обврски и сложеност на работните места.

„Ќе бараме усогласување на Колективните договори со новата минимална плата од 18 илјади денари. Очекуваме владејачкото мнозинство да излезе во пресрет на барањата и платите на културните работници, на наставниците, на здравствените работници, но и на сите останати вработени во јавниот сектор да пораснат сразмерно со новата минимална плата“, посочи Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат