Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.

– Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Минималната плата да биде 24.500 денари се предлага за буџетот за следната година

Катерина Ѓуровски

Деаноски: Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата

За зголемување на минималната плата ќе се дискутира в четврток на Економско-социјалниот совет

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски