(ВИДЕО) Стефановиќ: Митревски го слабее Синдикатот, работниците веќе немаат доверба во ССМ

Од:

Намерата на првиот човек на ССМ, Живко Митревски, е чекор по чекор го ослабнува Сојузот на синдикатите, тврди претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ, откако овој гранков синдикат денеска беше присилно иселен од зградата на Синдикатот, а пред неколку дена им било соопштено дека веќе не се дел од Сојузот.

– Сведоци сте на нашето присилно исфрлање од Синдикатот, додека Живко Митревски комотно седи во својата фотелја на десетти кат опкружен со обезбедување, не знам од кого и од што се плаши, но негова намера е чекор по чекор да го ослабннува Сојузот на синдикатите. Тој ја користи својата функција за да директно врши атак врз авономноста на гранковите синдикати, рече Стефановиќ, претседателка на МЕСО.

Таа вели дека ова што денеска се случи со МЕСО брзо ќе се случи и со друг гранков синдикат затоа што Митревски откога дошол на функцијата претседател, МЕСО му пречел и нашол нелегитимен начин како да го исклучи овој синдикат.

МЕСО беше пратен во мирување уште во декември 2014 година со нелегитимна одлука донесена под точка „разно“ и со голема лага дека МЕСО не е регистриран синдикат. Ние поднесовме приговори и до Претседателството и до Советот на ССМ каде што ги дадовме документите и кажавме дека тоа е лага бидејќи МЕСО е меѓу првите синдикати што се пререгистрира, но нашиот приговор не го стави на дневен ред на ниту една седница. Видовме и зошто – го забраза конгресот, си ја направи математиката, МЕСО да не учествува на конгресот и успеа да го елиминира својот противакндидат и да каже дека е едногласно избран, објаснува Стефановиќ.

Таа тврди дека исклучувањето на МЕСО од Сојузот на синдикати не била ниту ставена ниту на дневен ред на седница на Советот на ССМ, туку во рамки на точка за избор на потпретседатели, Митревски напоменал нешто за МЕСО и се гласало, но не било посеббна точка.

– Советниците што биле присутни на седницата ни кажаа дека поим немале дека се гласало за исклучување на МЕСО. Сметаме дека е донесена нелегитимна одлука и ние не бевме информирани, добивме писмо од службите дека треба за три дена се се иселиме, ако не доброволно, тогаш присилно ќе не иселат, а немаме одлука зошто да се иселиме.

Интересно е и образложението на одлуката што ја добиме на мое барање. Во неа меѓу другото се вели: „Дека МЕСО се исклучува дека не доставил списоци за репрезентативност“, што не е точно, имаме фотокопии со печати.

Понатаму се вели во образложанието дека МЕСО е исклучен и зашто учествувал на протести, зборувал против ССМ, а секретарот Савевски зборувал против Живко Митревски, што не е точно ние зборуваме спроти политиката на Живко Митревски. Политиката што досега ја води Митревски доведе до губење на довербата во Синдикатот од страна на работниците, рече Стефановиќ.

Од МЕСО велат дека нивното постоење нема да згасне. Тие ќе достават барање до Советот за преиспитување на одлуката, но велат дека правда ќе бараат и на суд.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори