ВИДЕО: Со над милјарда денари годинава ќе се зголемува вработеноста

Од:

Со 1,1 милијарда денари годинава државата ќе го стимулира вработувањето, особено на младите. Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи.

Ова, како што беше посочено на денешната презентација на Оперативниот план за вработување за 2019 година „Шанса за сите“ е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена биле исплатени 406 милилони денари.

Премиерот Зоран Заев, апелираше сите невработени, а особено младите да ги искористат можностите што ги нуди овој план, со цел, како што рече, оние кои се образувани да можат да ги реализираат своите потенцијали, а оние на кои им недостига соодветно обрзование да можат да се доквалификуваат и прекфалификуваат и на таков начин полесно да најдат работа.

Новите работни места, како што појасни вицепремиерот Кочо Анѓушев, се планирани заедно со работодавачите, но и невработение. На таков начин, рече, ќе се создадат можности да се решат проблемите и на едните и на другите.

Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост.

Со ОП 2019, меѓу другото, се овозможуваат обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска појасни дека преку планираните мерки се очекува да бидат опфатени околу 8.000 граѓани, од кои, како што рече, најголемиот број можат да бидат вработени.

Зголемувањето на сумата за годинава, било резултат на фактот што ланскиот план имал реализација од високи 95 проценти. Со него првпат беше воведена и „Гаранцијата за млади“, која продолжува и годинава.

Лани преку оперативниот план биле вработени 7.370 лица, од кои, како што рече Анџушев над 6.000 биле во приватниот сектор.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница