ВИДЕО: Се вратил од Германија за да работи во Македонија, многу му се заблагодари на премиерот што ќе зема 18.000 плата

Од:

Полико Авдиу, вработен во текстилна фабрика која ја посети премиерот Димитар Ковачевски се вратил од Германија пред осум години за да работи во Македонија. Сега ќе зема плата од 18.000 денари. Му се заблагодари на премиерот и вели дека парите се доволни за скромен живот.

„Јас сум задоволен. Бидејќи 18 години работев во Германија и напуштив од таму. Тука ме донесе среќата во ова компанија, пред осум години се вработив. Условите ги најдов исто како во Германија. Тоа да ви кажам искрено. Бидејќи сега ги гледам младите велат идеме во Германија, ама животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен, почнувајќи од директорите Дарко и Маријана, сме задоволни. Плус сега со минималната плата, благодарение на компромисот на премиерот со партнерите, синдикатот, работодавачите, таа вечер. Многу се заблагодарувам на премиерот што најдоа компромис. Кога има еден компромис, значи убава работа. Сега 18.000, не е многу, ама за скромен живот ќе се онади, ама мислам и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе. Директорите носат се нови машини, ќе расте продуктивноста. За нашата компанија не можеме да се жалиме“, посочи Авиду.

Тој на крајот му честиташе и на Ковачевски за неговиот избор, да биде премиер на Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат