ВИДЕО: Се уште не се знае што точно ќе содржи четвртиот сет економски мерки

Од:

Се уште е во процес на консултации како ќе изгледа и што ќе содржи четвриот сет економски мерки за помош на граѓаните погодени од корона-кризата, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

„Четвртиот сет мерки е наш приоритет од првиот ден на формирање на Владата, и веќе имаме консултации со сите чинители. Да се помогне и во секторите во којшто претходно немаме дадено помош, а тоа е директно поврзано со образовните процеси, згрижување на децата во претшколска возраст“, рече Битиќи.

Тој на неговата прва прес конференција како вицепремиер изјави дека во следните четири години ќе се заложи да го направи подобар животот на граѓаните.

„Овие четири години заедно ќе градиме држава, и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава“, рече Битиќи.

Тој рече дека во процесот за справување со економските последици од коронавирусот, ќе цели кон креирање на работни места бидејќи тоа не се бројки туку човечки животи и судбини.

„Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Заедно да креираме платформа за економски развој на државата“, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Битиќи изјави дека Македонија за борбата против коронавирусот има издвоено вкупно околу 550 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Шукова: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди излез со седум економски мерки

Намален прометот во индустријата

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Благо намалување на индексот на цените на мало во јануари 2025 – стабилизација на пазарот со умерени ценовни промени