(ВИДЕО) СДСМ: Пет столбови за намалување на јазот меѓу богатите и останатите граѓани во Македонија

Од:

„Зголемувањето на јазот во богатството помеѓу мал број најбогати и сите останати граѓани во Македонија е сериозен проблем.

Македонија има најнефер распределба на доходот во Европа. По распределбата на доходот, земјава веќе силно се приближува до латино американските земји. Особено е загрижувачки што 60% од населението заедно (најсиромашните 20%, вторите 20% и третите 20% од населението) имаат понизок доход од најбогатите 10% во земјава“, изјави на денешната прес-конференција  Драган Тевдовски, претседател на Комсијата за економија на СДСМ.

„На Македонија и се случува една неприродна мешавина на два спротивни механизми – неолиберална идеологија и популизам. Само со една цел – да го зголеми доходот и богатството на една мала група на луѓе. Тоа е една од причините зошто не се подобрува стандардот на граѓаните, зошто не се намалува невработеноста и сиромаштијата.

Фер распределба на доходот во нашето општество не може да се обезбеди со програми во 100 чекори, надградени и проширени, се додека постојат механизмите кои ја создаваат нееднаквоста. Се додека постојат неолиберазлизмот и популизмот вакви програми ќе бидат само една фина маска во зголемувањето на неправедноста во распределбата на доходот во општеството.

За да се обезбеди иднината на Македонија наместо 100, 1.000 или 1 милион чекори потребно е да се изградат 5 столбови.

Првиот столб е предуслов за сè – тој треба да ја врати демократијата во земјата и да обезбеди владеење на правото.

Вториот столб треба да обезбеди одговорност на јавните трошења преку многу поголема транспарентност, а приоритет во развојот на земјата да им даде на растот на платите, на малите и средните претпријатија (МСП) и на долгорочните вложувања, со што ќе се сруши системот на популизам и политичка патронажа.

Третиот столб треба го демонтира неолиберализмот и да го замени со социјално праведна држава.

Четвртиот столб се однесува на меѓуетничките односи и значи замена на етничката тензија во општеството со нова помеѓу класите.

Петтиот столб треба да ја обезбеди надворешно политичката – безбедност и економска иднина на земјава преку членството во НАТО и ЕУ“, рече Драган Тевдовски, претседател на Комсијата за економија на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје