(ВИДЕО) Савевски: МЕСО е казнет зашто не ја фали Владата кога крати работнички права

Од:

МЕСО е казнет затоа што сака да ги штити работничките права на вработените во образованието, а тоа на Живко Митревски, очигледно не му се допаѓа, вака Здравко Савевски, генералниот секретар на Мултиетничкиот синдикат на образование ја објаснува одлуката на претседателот на ССМ, Митревски присилно да го исфрли МЕСО и од Сојузот на синдкикати и од зградата.

– МЕСО е казнет бидејќи секогаш кога Владата ќе излезе со некое кратењер на работничките права ние не излегуваме како него – да го пофалиме тоа. Помеѓу вработените во образованието очигледно постои незадоволство и подготвеност на борба. Синдикалните бирократи и на ССМ и на СОНК се трудат во корен да го исечат обидот на вработените во образованието да се изборат за своите права. Ова што ни го направи Живко Митревски нема да не спречи и понатаму да се бориме за правата на вработените, вели Савевски, генерален секретар на МЕСО.

Тој му порача на на претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски дека тоа што тој сака да му наштети на МЕСО е најдобар доказ дека овој гранков синдикат е на вистинскиот пат.

– И затоа ќе речам – Фала ти Живко! -додава Савевски.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори