ВИДЕО: Работниците во „Фени“ прогласија победа, изгласан планот за реорганизација

Од:

Швајцарската компанија ГСОЛ од закупец стана сопственик на „Фени“. Собранието на доверители го изгласа планот за реорганизација предложен од ГСОЛ, а веста за прифатениот план вработените кои протестираа пред судот ја примија со аплауз. Тие слават во Велес и извикуваат „Победа, победа“.

„Ова е победа за работниците и иднина за ’Фени’ со ГСОЛ“, рече Душко Николов, претседател на Синдикатот на „Фени“. Адвокатите на „Минстрој холдинг“ ги испратија со скандирање „Минстрој оди си дома“.

Утрово со транспаренти дел од вработените дојдоа да дадат поддршка на ГСОЛ кој со месеци им исплаќа плати, а од март го рестартираше и производниот процес. Планот на денешното собрание на доверители беше прифатен со 96 отсто од гласовите. Против гласаа само „Нова логистик“ и „Минстрој холдинг“ кои откупиле 0.05 од побарувањата на неколкуте фирми регистрирани во Белизе кои имаа побарувања од „Фени“, а ги застапуваше адвокатот Бранко Колев.

Одборот целосно и ја олесни работата на стечајната судијка Валенина Ѓорѓиевска со тоа што за планот гласаа над 95 отсто од доверителите. Таа треба да ја донесе конечната одлука и да ја затвори стечајната постапка за „Фени“.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он