(ВИДЕО) Поповски: Не одете на Запад, по 600 работни места се отвораат секој ден во Македонија

Од:

Во Македонија секојдневно се отвараат 500 или 600 работни места, а тоа дека во странство, професионалците заработувале по 3000 евра, е само добар маркетинг – вака директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски ги убедуваше младите да не заминуваат во странство, на дебатата „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“, што ја организираше новоформираната невладина „Центар за европски иницијативи“.

– Секојднево во РМ се отвораат отприлика 500 до 600 работни места, еве вчера се отворени првите работни позиции во „Џонсон контрол“ во Штип, каде се бараат многу експерти, рече Поповски

Толку многу работни места се отварале што Агенцијата не ќе може да обезбеди доволно луѓе

– Јас вчера разговарав со нив, ние не ќе можеме да обезбедиме доволно лица во Република Македонија, додава Поповски.

Според матаематиката на директорот Поповски, излегува дека со вакво темпо, месечно во Македонија се вработуваат 18.000 млади, високообразувани луѓе, односно за една година, ќе се вработат над 200.000, па според овие пресметки може да се очекува дека за година и половина, да нема ниту еден невработен и фирмите ќе молат да вработат некого.

Поповски убедува дека за вработување, во западните држави се нуделе работни места кои се платени под цената на трудот и тоа биле работни места кои се многу ризични и во кои се губеле многу животи за една година.

– Многу луѓе велат – јас ќе заработам во странство многу повеќе, но дали знаете дека од 100 заминати, само 5 успеваат. Само е добар маркетинг дека се заработува многу повеќе надвор од Република Македонија, ако се работи истото работно време што се работи во странство, тогаш, можеби не исто, но приближно ќе заработиме соодветно за живот во Република Македонија, рече Поповски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он