(ВИДЕО) Поповски: И премиерот кажа дека нема партиски вработувања

Од:

„Едноставно во Македонија има обратен процес, секаде се зголемува невработеноста, а кај нас се намалува, тоа го кажа и статистика со последниот извештај што го даде пред Нова Година дека невработеноста е под 30 проценти“, вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Посочува дека 241 илјада беше последната бројка пред регистрација, со тоа што од таа бројка не можевле директно да оценат колку вистински од тие лица бараат работа.

Во агенцијата има евидентирано 129 илјади пасивни невработени лица. Едни можеби работат на црно, други можеби се вработени во своето селско стопанство како земјоделци, но сè уште не се регистрирани во системот како индивидуални земјоделци или лица кои што се бават со земјоделие или пак даваат некакви услуги или пак има некои лица кои што се грижат домашните и не можат да бидат активни баратели на работа.

Тврди дека корисниците на социјална помош, доколку се пријават како пасивни воопшто нема да изгубат ниту едно социјално право, како здравствено осигурување, така и социјалната помош и заштита затоа што во агенцијата се пријавуваат само оние коишто бараат работа и сакаат да бидат вработени.

„Значи минатата година, иако во Европа беснееше криза, беснееше во нашата околина, во Македонија немаше големи откази, можеби беше прогласување на технолошки вишок за месец два да се преброди кризниот период и пак се враќаа на работа. Значи филтрацијата на невработени беше голема, доаѓаа на евиденција и се вработуваа паралелно. Дел од заслугата за тоа што бројот на вработени во Македонија расте, значи не паѓа, не се намалува туку расте што е една обратна ситуација од она што се случува во ЕУ.

– Битно за тоа се големите инвестиции кои што влегоа во Македонија кои што вистински почнаа да заживуваат. Да кажеме само една фирма како што е на пример Дрекслер мајер која што само за една година вработи 700 луѓе, тоа е релевантен податок. Едноставно во Македонија има обратен процес, секаде се зголемува невработеноста, а кај нас се намалува, тоа го кажа и статистика со последниот извештај што го даде пред Нова Година дека невработеноста е под 30 проценти“, вели Поповски.

Од секогаш, посочува директорот Поповски, во Македонија носечки дел на вработувањата биле техничките науки, технички средни или технички факултети.

Според последните податоци имаме 530 магистри, 26 доктори на науки и 22 илјади дипломци невработени и тоа претежно од општествени науки.

Поповски смета дека многу брзо многу луѓе станаа магистри.

Тврди дека нема вработувања по партиска линија, тоа, вели, го кажа и самиот премиер.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он