ВИДЕО: Подобрување на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства

Од:

Прецизни податоци за тоа колку една фарма работи рентабилно, колкави се производствените трошоци за одредена култура, а колкави се приходите, ќе се обезбеди со надградениот систем што ќе биде имплементиран преку проект финансиран од претпристапната помош – ИПА на Европската Унија, со буџет од 800.000 евра и со траење од 18 месеци, објави министерот за земјоделство, Љупчо Никловски.

„Основната цел на проектот е да придонесе кон понатамошното надградување на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства – ФАДН, според новата регулатива на Европската Унија за ФАДН, понатамошно подобрување на системот за проверка на квалитетот на податоците, како и подобрување на користењето на ФАДН-податоците за потребите на националната земјоделска политика.
Спроведувањето на проектот ќе придонесе за консолидација на националниот ФАДН-систем кој претставува единствена база на податоци во земјата која обезбедува економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства“, исткна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

ФАДН-системот претставува централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската Унија како целина. Ваквите податоци се важни за креирање ефикасни земјоделски политики, за следење на трендовите, за одредени промени во земјоделскиот сектор во насока на поголеми приходи на земјоделските стопанства, од што придобивка ќе имаат самите земјоделци.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници