(ВИДЕО) Николовски: Земјоделците останаа без пари и за Велигден

Од:

„Новата реформска Влада е неопходна и мора да се овозможи брз и мирен трансфер на власта!

Освен што се блокирани сите процеси во државата, граѓаните се економски загрозени!

Меѓу нив се земјоделците кои се уште не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години.

Поради несериозноста и неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните пратеници, илјадници земјоделци и нивните семејства го дочекуваат Велигден без пари.

Луѓето се оставени без субвенции токму во времето кога највеќе им се најпотребни за нови вложувања.

Дел од нив се задолжуваат за да продолжат да работат. Дел од нив немаат кој да им помогне, и тие, ако не посадат род, следната година нема да има ни од што да се прехранат.

Со недели досегашната власт ги лаже земјоделците дека исплатата на субвенциите само што не почнала. Тоа се случува додека секојднево смислуваат нови изговори да не им ги исплатат парите на луѓето, префрлувајки ја одговорноста од една на друга институција.

И по смена на тројца директори на Платежната агенција, субвенциите не се исплаќаат, а Министерството за финансии молчи – зошто земјоделците не ги добија своите субвенции што им следуваат по закон!

Токму затоа, мора да се формира новата демократска и реформска Влада, според изразената волјата на 700 илјади граѓани, согласно Деловникот, законите и Уставот на Република Македонија.

Доволно граѓаните патат 10 години за нечии лични интереси. Никој нема право со лаги, со барања за нови избори, со блокади на институциите да им ги уништува животот и иднината на граѓаните.

По промените земјоделците ќе ги добијат заостанатите субвенции, а новите субвенции ќе бидат повисоки и редовни. Ќе има субвенции и за зелена нафта за земјоделска механизација и ќе бидат ослободени од плаќање данок.

Да бидат уверени граѓаните, промените ќе се случат, ќе има живот и за земјоделците и за секој граѓанин на оваа држава“, изјави Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди