(ВИДЕО) Николовски во кавадаречко: Сточарите веднаш да добијат пари за отштета!

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска ги посети сточарите од регионот на Кавадарци.

Катастрофалните последици од болеста „Јазлеста кожа“ се видливи на секој чекор.

Тажна слика на бројни убиени или угинати животни, загрижени сточари оставени сами на себе.

Загрозена е егзистенцијата на голем број семејства коишто живеат само од сточарството.

На ниту еден сточар не му се исплатени огромните штети за убиените и одземените животни, вели Љупчо Николовски од СДСМ.

Во село Бојанчиште сточарите гласно проговорија за тешката состојба во којашто ги втурна власта и за тоталната незаинтересираност на централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да им помогне.

– Сами сме оставени. Цела фамилијата живее од сточарство а сега ни се преполови стоката, ќе нема од што да преживееме. Сами ги закупуваме умрените крави. Дури и за транспорт сами мора да се снаоѓаме. Локалната власт нема одредено место па умрените животни сами ги носиме до локалната депонија, се пожалија сточарите од Бојанчиште.

Николовски рече дека за ваквата предизвикана кастрофа и неспособноста на надлежните одговорност мора да има.

-Одговроност мора да има и ќе има. Не може да има пари за споменици и барокни фасади а да нема за исплата на сточарите коишто останаа без животните. Затоа на Македонија и се неопходни демократски промени, за вакви катастрофи врз сточарите да не се случуваат, рече Николовски.

Тој рече дека целосно ја разбира маката на сточарите за што со месеци наназад јавно предупредува за состојбите и се обврза дека ќе продолжи да се залага за нив.

-Парите за штетата мора веднаш да ви биде исплатена, ќе продолжам јавно да се борам за тоа, рече Николовски.

Николовски се осврна и на манипулациите на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Го слушам денеска директорот на АХВ како се обидува да се оправда наместо веднаш да замине од позицијата за оваа катастрофа што се случи поради неговата неспособност. Не одговори Поповски зошто не се исплаќа штетата на сточарите? Зошто 3 месеци доцнеше вакцината и зошто ништо не презема? Зошто вистината ја крие и од јавноста и од меѓународните институции?, рече Николовски.

-Сточарите треба ведбаш да добијат пари за убиените животни за да можат да купат нови и да не им се загрози егзистенцијата. Што да прват 90 дена сточарите, од што ќе живеат? Во Европа и во регионот штетите за болеста се исплаќаат за три дена., додаде Николовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје