(ВИДЕО) Николовски: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме на 20.000 евра

Од:

“Ги донесовме измените на Законот за вино со кој што поттикнуваме раст на лозарството, нови семејни бутик винарии.

Многу млади кој што ќе се ангажираат во овој сектор од земјоделството имаат денеска многу поповолни услови, но клучно, она што го разговараме денес е мерката за поддршка за младите земјоделци”, рече Николовски.

“Во претходните две години 526 млади земјоделци добија грантови од околу десет илјади евра. Тоа е речиси дупло повеќе земјоделци кој што добиле грант за разлика од претходните неколку години”, истакна Николовски.

Тоа значи дека со новите политики, со олеснувањата на критериумите сме на прав пат да овие средства дојдат кај вистинските земјоделци.

“Токму во тој правец е и овој повик кој што се распиша вчера и кој што ги поттикнува младите земјоделци да аплицираат за нови 100% зголемени грантови за младите земјоделци.

Наместо десет сега ќе добиваат дваесет илјади евра неповратни средства. Повикот е распишан до десети март и верувам дека сите млади ќе ја искористат оваа можност и ќе започнат со реализација на својата идеја во агро секторот”,истакна генералниот секретар на СДСМ Николовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски