(ВИДЕО) Николовски: Неопходно е навремено да одговориме на предизвикот за ублажување на последиците од климатските промени

Од:

За подобрување на капацитетот на земјоделскиот сектор кон влијанието на климатските промени, потребно е соодветно прилагодување на политиките и програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што ќе се преземат конкретни чекори, рече министерот Љупчо Николовски на отврањето на работилницата на тема „ Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени“, што се одржува во Маврово во организација на Огранизацијата за земјоделство и храна при Обединетите нации (ФАО).

Како конкретни чекори, министерот Николовски ги наведе дефинирање на мерките за прилагодување кон климатските промени и нивно интегрирање во програмите за финансиска поддршка на Министерството и воспоставување на соодветен институционален капацитет и негово зајакнување преку серија обуки со што би се овозможило креирање и ефикасно спроведување на политиките за прилагодување кон климатските промени.

– Во рамки на „Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени, поддржан од ФАО, набавивме модерни агрометеоролошки станици, кои деновиве ќе бидат инсталирани на три локации: Градско, Кочани и Струмица. Со нив ќе управува Управата за хидрометоролошки работи. Во овие три производни региони каде што се произведуваат стратешки земјоделски култури: градинарски, овошни и ориз, е многу важно редовното следење на временските прилики, а информациите ќе бидат достапни до земјоделците преку новоотворената веб страна на УХМР. Со овој проект, исто така, преземаме активности за поддршка на средните земјоделски училишта кои вклучуваат воведување нови наставни материјали за климатските промени, како дополнување на постоечките наставни програми и обуки за наставниците, подвлече Николовски

Според него, неопходно е да се спроведат истражувања за нови сорти и култури со повисока отпорност и да се спроведе истражување и во сточарскиот сектор, за усвојување на подобрени раси добиток.

На работилницата во Маврово, учествуваат странски експерти од мисијата на ФАО, како и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и инстутиции од земјава.

Учесниците ќе разменат искуства и ќе дискутираат за предизвиците и перспективи на земјодеслкиот сектор во однос на климатските промени. Меѓу остантото ќе се бидат и претставени активностите на ФАО во областа на креирање на политики и проекти за намалување на влијанието на климатските промени во земјоделството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници