(ВИДЕО) Николовски: Искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата е потврда за вложувањата во агро секторот

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Струга и струшкиот регион, а воедно ја посети и месната индустрија Билјанови во село Мислешево, како една од успешните примери на водење на бизниси и корисник на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Николовски посочи дека Владата предводена од СДСМ за само две и пол години направи значајни чекори во однос на се поголема искористеност на европските средства и поголема поддршка во агро секторот.

– Преку олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад.

За тоа зборува и искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата, односно до денес склучени се 1477 договори во вредност од над 32 милиони евра. -истакна Николовски.

„Тоа е една голема потврда дека сме на прав пат. Продолжуваме и понатаму со што поголема искористеност на европските фондови кои ни стојат на располагање“, посочи Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди