(ВИДЕО) Митовска: Владата крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата

Од:

„СДСМ продолжува да удира по најсиромашните. Владата крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата.

Заев од опозиција ветуваше дека Буџетот треба да се троши за најсиромашните, тој создаде лажна надеж кај луѓето и предизборно ги изманипулира. Ништо од тоа што ветуваше не реализира. Ниту има намера и визија како да го реализира“, рече Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани кои живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, или тоа се 21.9% од вкупното население во државата.

СДСМ иако имаше можност година и половина не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив во економијата продолжија да ги користат бенефитите кои беa спроведени од претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително државата е на трето место во светот по младинска невработеност, истата изнесува над 50%, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, ова се официјални податоци на Светска банка.

Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24.7%, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места.

Ова се поразителни бројки. Ова се бројки кои покажуваат дека власта не знае во кој правец ја движи државата. Ова покажува дека со СДСМ Република Македонија само тоне. И затоа треба час поскоро да си заминат“, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС