(ВИДЕО) Мисајловски: Градежништвото е во пад од околу 20%, проектите се застанати, а нови нема

Од:

„Економијата тоне, а градежништвото е во слободен пад. Оваа неспособна власт ниту умее, ниту знае како да ги доврши веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак планира да започне нов капитален проект во инфраструктурата.

Договорот за автопатот Демир Капија – Смоквица заврши, а автопатот не е пуштен во употреба, иако потпишаа нов анекс со нов рок за градба и нов рок за надзор и тој не го исполнија“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку за скоро една година не можат да завршат и да пуштат во употреба завршен автопат може да претпоставиме што ќе се случува со останатите проекти. Ние ќе ги охрабриме барем малку да се фатат за работа за да можат граѓаните да ги видат придобивките од европскиот автопат Демир Капија – Смоквица и секако да го пуштат во употреба.

Трагично е што градежништвото е во пад од околу 20%, проектите се застанати, а нови проекти нема.

Ветувањето на СДСМ за 600 километри нови автопати ќе биде уште една голема лага како и сите други нивни ветувања.

Дефинитивно ова е најнеспособната влада во нашата историја која нема никаков капацитет ниту за нови проекти, ниту пак за реформи во било која област.

Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат.

Се надеваме дека оваа влада ќе се разбуди и ќе се фати за работа, бидејќи само така граѓаните ќе видат придобивки“, изјави Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината