Денеска напладне, Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) беше принуден да се исели од зградата на ССМ, откако, пред неколку денови на претседателката Сузана Стефановиќ и било соопштено дека МЕСО е исклучен од Сојузот на синдикати на Македонија.
Во канацалеријата на МЕСО, претпладнево се појавила пописна комисија и потоа претседателката Стефановиќ и генералниот секретар Здравко Савевски, неколку работи кои се сопственост на МЕСО изнесоа пред зградата, за да веднаш потоа, пред да заврши иселувањето, на двајцата од страна на обезбедувањето им беше кажано дека за нив пристапот во зградата на ССМ е забранет.
А. Б.