(ВИДЕО) Кузмановска: Рекордно покачување до 40 отсто на платите во здравството

Од:

„СДСМ продолжува во реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и го унапредуваат здравствениот систем.

Пoстигнат е договор, во февруари 2020 година следува ново, значително зголемување на платите во здравството.

Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто, а на медицинските сестри за 10 отсто.

Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто“, рече Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

„Со ново зголемување платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот Центар на Хируршките Клиники и на Интерните Клиники, со новото покачување ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари.

Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари.

Ваквиот раст е во насока на обезбедување плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти кое беше едно од нашите главни ветувања во Програмата.

Ги спрoведуваме дадените ветувања, го враќаме достоинството на лекарите.

Како одговорна партија не застануваме тука. Продолжуваме да работиме на подобрување на условите во здравството за лекарите и медицинскиот персонал да останат во јавното здравство.

Грижата за лекарите, за граѓаните, останува наш врвен приоритет. На прав пат сме“, изјави Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година