(ВИДЕО) Костовски: СДСМ и Тевдовски кријат колку ке чини Законот за јазиците

Од:

„СДСМ не се грижи за реалните потреби на граѓаните, туку носи неуставни закони во неделовничка процедура само за да се одржи на власт.

Да беа заинтересирани за граѓаните пари ќе насочуваа кон изградба на нови градинки, патишта, повисоки субвенции за земјоделци и проекти од кои интерес ќе имаат и Македонците и Aлбанците, но и Ромите, Турците, Србите, власите и сите останати. Наместо за подобрување на стандардот, СДСМ сака да ги троши парите на граѓаните за зголемување на јавната администрација, удвојување на преводите и архивите на два јазика, менување на табли и изготвување на нови двојазични униформи и бaнкноти.

СДСМ и Тевдовски ги кријат вистинските трошоци по буџетот доколку се реализаираат одредбите во Законот и не кажуваат колку тие ќе ги чинат граѓаните на месечно и на годишно ниво“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гледаат како економијата тоне, а ваквите дополнителни оптоварувања само ќе ја влошат состојбата.

Овој Закон за двојазичност освен што излегува од рамките на Уставот и на Рамковниот Договор, за што впрочем предупредува и експертската јавност, освен што е донесен со прекршување на законите и на деловникот, освен што е неприменлив и ќе предизвика дисфункционолност на институциите, ќе предизвика и големи финансиски импликации.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторува дека овој закон кој е производ на силувана демократија не може да биде закон. Вакви сериозни прашања кои се чуствителни, но истовремено и задираат во карактерот на државата, треба да се носат со внимателна и опсежна дебата, пред се на експерти, а потоа и политичките субјекти.

СДСМ и владеачкото мнозинство за тоа што ја погазија демократијата и институциите на државата мора и ќе сносат последици“, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС