„Зборот е збор! Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување со што значително се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите.
Трошоците за нотарските и услугите на извршителите за намалуваат за 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.
„Ова ќе значи намалување на трошоците за граѓаните кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најсиромашните граѓани кои не можат да ги платат сметките за комуналии или земале мал потрошувачки кредит.
Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија и намалување на трошоците.
Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
СДСМ како одговорна партија преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, продолжува со спроведување на мерките преку коишто обезбедуваат намалување на трошоците, зголемување на семејните буџети и раст на животниот стандард за сите граѓани“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата