(ВИДЕО) Костадинов: УЈП почна со нов арач во Струмица

Од:

Додека граѓаните секојдневно се повеќе осиромашуваат поради промашените економски и криминални политики на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ спроведува нов арач.

Незаситната желба да располагаат со парите на граѓаните одат дотаму што секој ден измислуваат нови начини како да извлечат се повеќе пари од граѓаните за нивните мегаломански желби со неконтролирано трошење на народните пари.

Нов арач за граѓаните на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ се спроведува овие денови, посочи Костадин Костадинов,портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Според него, неколку стотици граѓани на Струмица добиле решенија за парична казна од Управата за јавни приходи од најмалку 100 евра, поради тоа што наводно не пријавиле остварен приход.

Без опомена, без можност за исправка и тоа за прв пат годинава. Граѓаните кои добиле вакви решенија се гневни и револтирани, и со право реагираат за однесувањето на ненаситна власт за народни пари.

Зошто ова не важеше во изминативе години?

Ова е класичен арач, преку којшто криминалната власт измислува начини како да граба од нивниот џеп.

Без опомена и без претходно да им каже за новата обврска за криминалната власт граба нови илјадници евра и тоа само од граѓаните на Струмица.

Економското злосторство што оваа власт го врши врз граѓаните на Македонија ќе биде казнето. Ќе бидат казнети Груевски и ВМРО ДПМНЕ заради кои со најавеното издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра, јавниот долг ќе достигне рекорден износ од над 5 милијарди евра или 54 насто од БДП. Ќе бидат казнети и за секојдневниот арач за граѓаните.

По демократските промени, одговорност за криминалот ќе има, а сите украдени пари ќе се вратат назад кон граѓаните, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Втор обезбедувач на Мицкоски фатен во контакт со подземје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани