(ВИДЕО) Костадинов: На примателите на социјална помош, помошта им се зголемува и до 300 отсто

Од:

Со предлог Буџетот за 2019 година, изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, социјална праведност, поголеми плати, поголем раст на економијата и подобра живејачка за сите граѓани. Со овие политики, од парите што секој граѓанин ги одвојува, преку низа на мерки, создаваме систем на поинакви вредности, парите да се вратат назад до граѓаните, а економијата да расте уште позасилено, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Трендот на раст на платите продолжува и во 2019 година. За 5 отсто повисоки плати ќе добиваат вработените во здравството, образованието, полицијата, војската, вработените во детските градинки и социјални центри, културните работници како и вработените во јавниот сектор. Докторите специјалисти ќе добијат покачување од 10 отсто, да продолжат да работат во нашето јавно здравство, позадоволни и помотивирани. Новото, праведно оданочување ќе обезбеди дополнителни средства за спроведување на мерките што извлекуваат од сиромаштија. Се воведува и нов, реформиран систем на социјална заштита.
На примателите на социјална помош, помошта им се зголемува и до 300 отсто, а се олеснува и пристапот до надоместокот, на дополнителни 11.000 домаќинства, покрајпостојаните 24.000 домаќинства кои во моментот примаат социјална помош, рече Костадинов.

Тој дополни дека се воведува и детски и образовен додаток, кој има за цел да извлекува од детска сиромаштија, а ќе опфати околу 60 илјади деца.

– Пресвртницата на економската политика ќе се потпира на забрзување на реалниот раст на економијата за 3.2% но и на креирање мерки и програми за вработувања кои ќе допринесат за отворање на нови работни места. Предвидуваме раст на бројот на вработени во 2019 година за 2,1%, и намалување на просечната стапка на невработеност на историски најниско ниво досега. Со предвидените мерки невработеноста ја смалуваме на ниски 20% со помош на мерки за вработување – вредни 1.1 милијарда денари, како историски највисок износ, рече Костадинов.

Тој очекува овие мерки да направат сериозно придвижување на економијата и стандардот на граѓаните, надополнети со интеграциските политики.

– Буџетот наскоро ќе биде и пред пратениците. Повикуваме на конструктивна дебата и отворени можности за дополнителни подобрувања во интерес на граѓаните. СДСМ, како државотворна и одговорна партија продолжува да работи во интерес на граѓаните, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ