(ВИДЕО) Колева: СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата

Од:

„Денеска на собраниската седница на дневен ред се измените на Законот за минимална плата. Со овие измени минималната плата веќе за месец март ќе изнесува најмалку 18.000 денари и неа ќе ја добиваат околу 80.000 работници“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Тоа е двојно повеќе отколку пред пет години кога таа изнесуваше 9.000 денари. Со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.

Тоа е потврдено и со официјални податоци. Ако пред седум години беа потребни четири минимални плати за полнење на синдикалната кошница, сега, со ново зголемување синдикалната кошничка се полни со две минимални плати.

За седум години синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто.

Овие факти говорат дека СДСМ и парламентарното мнозинство сериозно го зајакнаа животниот стандард на сите граѓани.

Како одговорни пратеници, продолжуваме да реализираме законски решенија кои се во интерес на граѓаните и економијата.

Ги повикувам сите пратеници да дадат поддршка на измените на Законот за минимална плата, за веќе од следниот месец, 80.000 наши сограѓани да добиваат повисока минимална плата од 18.000 денари.

Истовремено,ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите на Законот за наставници со што за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе се обезбедат трајни вработувања и со тоа и повисоки плати“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат