ВИДЕО: Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните претпријатија на граѓаните

Од:

Согласно петтиот пакет економски мерки, Јавните претпријатија на државо ниво ќе ги избришат каматите на долговите на граѓаните. Ова го наведе премиерот Зоран Заев кој го презентираше најновите владини мерки за поддршка на погодените од пандемијата со Ковид-19.

Заев апелира и приватните компании, доколку можат да се приклучат на оваа мерка.

Радиодифузерите, превозниците, туристичките работници, занаетчиите, тутунарите се дел од оние кои се опфатени со петтиот пакет економски мерки.

Петтиот пакет содржи 29 економски мерки кои се поделени во четири столбови, и ја чинат државата 9,7 милијарди денари, односно околу 160 милиони евра.

Заев вели дека мерките се донесени низ дијалог со сите засегнати, и директно се надоврзуваат на претходните четири пакети економски мерки.

Петтиот пакет мерки е последниот за директна поддршка на економијата, следуваат индиректни мерки, најави Заев.

Кај повеќето мерки поддршката ќе се користи до крајот на 2021 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови