(ВИДЕО) Георгиевски: СДСМ се грижи за земјоделците, две нови мерки за помош на лозарите

Од:

И во време на светска економска криза, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со вистинска поддршка за сите земјоделци. Донесени се две дополнителни мерки за помош на лозарите и винариите. Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм, изјави Гоце Георгиевски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или пак е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.

Преку отворен, инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винариите успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто. Оваа година грозјето од сортата Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм.

Тоа е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 односно 17 денари.

Финансиска поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 1.9.2021 до 1.9.2022 година.Корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино. Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата. Овие мерки се уште еден показател за грижата на СДСМ за земјоделците. Продолжуваме да реализираме мерки и политики кои овозможуваат зголемено домашно земјоделско производство – нагласи Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра