ВИДЕО: Генералниот директор на АД ЕСМ Ковачевски во увид на топлинските капацитети пред стартот на грејната сезона

Од:

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје, пред утрешниот почеток на грејната сезона.

Како што информираат од Владата, Ковачевски ја посетил топланата Исток, производен капацитет кој произведува 70% од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, и која заедно со топлана Запад од оваа грејна сезона е под стопанисување на АД ЕСМ, односно друштвата за топлинска енергија на ЕСМ.

– Увид беше извршен и во подготвеноста на подружницата Енергетика, пред сè во текот на активностите за санација на топловодна мрежа во должина од 80м во Автокоманда, Oпштина Гази Баба, заради ефикасна испорака на топлинска енергија, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски