(ВИДЕО) Црвенковски: СДСМ нуди план за заштеди, пари за сите ќе има освен за споменици и фонтани

Од:

„Оваа власт ја внесува Македонија во грчко сценарио. Наша обврска и должност е да направиме се тоа да го спречиме.Наша цел не е да се блокира и да не се донесе буџетот. Тоа е лага! Наша намера е да ја натераме Владата да се откаже од непродуктивните трошоци, а со тоа и од потребата од нови кредити и задолжувања“, рече по седницата на Централниот одбор на СДСМ, лидерот Бранко Црвенковски.

За таа цел на денешната седница СДСМ дефинира предлог план за буџетски заштеди кој уште утре ќе го достават на Владата на Република Македонија.

Со овој план, велат, пари во Буџетот ќе има и за покачени пензии и за плати во администрацијата, и за субвенции за земјоделците, и за трансфери кон сите социјални категории на граѓани, но нема да има пари или ќе има помалку пари за владини реклами, за економски промоции, за фонтани и споменици, за нови објекти од „Скопје 2014“, за нов мебел, нови возила и нови згради за Владата и министерствата.

На овој начин, се прави заштеда од цели 204,8 милиони евра.

Ако овој предлог план биде прифатен од страна на владата СДСМ е подготвен веднаш да ги повлече сите амандмани и да гласаат за таквиот буџет за 2013 година. За прв пат би имале буџет изгласан со консензус-заеднички буџет, и на власта, и на опозицијата.

Ако владата биде непопустлива и не сака да се откаже од дел од своите трошоци и го одбие овој предлог тогаш амандманската расправа ќе продолжи, а целокупната одговорност за евентуалното недонесување на буџетот ќе биде нејзина, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди