(ВИДЕО) Царовска: Ќе ве заштитиме и ќе обезбедиме достоинствен живот за работниците

Од:

„Текстилните работници во Македонија работат во тешки услови. Не им се плаќа прекувремена работа. Имаат ниските плати. Живеат сиромашно.

Тие се една од најзагрозените категории граѓани. Дури и најпотценетите од државата, бидејки се дискриминирани со законите што ги донесе власта. Земаат помала минимална плата од другите работници во Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска беше вчера во Пробиштип, каде што на панел дискусија разговараше со текстилните работнички за проблемите со коишто се соочуваат и за мерките со коишто по промените ќе се подобри нивниот животен стандард.

-Нашиот приоритет се работничките права. Ќе почнеме да ги решавама проблемите токму од вас. Ќе обезбедиме достоинствен живот за работниците. Најпрво ќе го промениме Законот за работни односи што ќе биде во интерес на работниците. Ќе го подигнеме квалитетот на животот на работниците. Ќе ја покачиме минималната плата на 12.000 денари за сите работници, тоа ќе важи и за вас во првите 4 месеци од мандатот. До крајот на мандатот се обврзуваме минималната плата да изнесува 16.000 денари. Ќе ви бидат исплаќани прекувремените работни часови, преку регистар во УЈП ќе се води евиденција за прекувремена работа, соопшти претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Царовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски