(ВИДЕО) Царовска-Јовановска: Високи 95% искористеност на Оперативниот план за вработување 2018, повеќе од пола од учесниците се млади

Од:

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација. Со него беа вкупно опфатени 6374 лица, од кои 3359 или 53 % беа млади лица до 29 години.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска како посебно значајна ја потенцираше вклученоста на жените во активните програми и мерки кои водат до намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година претставува одличен пример за родова еднаквост, во него 54 % односно 3456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инкузивност на жената на пазарот на трудот“, изјави Царовска.

Интересот за учество во активните мерки и програми за вработување беше голем и од страна на невработените лица и од страна на работодавачите, особено за програмите и мерките кои водат до директно вработување, потенцираше директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска.

„Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отворија 1191 лица, мерката Субвенционирање на плати овозможи да се вработат 759 лица, а преку учество во мерката Вработување и раст на правни субјекти беа вработени 347 лица. Во рамките на спроведувањето на Законот за вработување на инвалидни лица се доделуваа финансиски средства со кои се поттикнува вработувањето на инвалидните лица, при што беа доделени средства за вработување на 209 лица“, истакна Јовановска.

Голем интерес имаше и за обуките за стекнување на вештини кои се барани на пазарот на трудот, наменети за доквалификација на невработените лица. Една од најбараните беше програмата „Практиканство“ и во неа се вклучија 1263 невработени лица до 34 годишна возраст. Одлични резултати покажа и програмата Општинско-корисна работа, во која учествуваа 703 лица, кои обезбедуваа социјални услуги во 56 општини во државата, најмногу како образовни и лични асистенти.

Во насока на намалување на младинската невработеност, во 2018 година започна имплементацијата на пилот мерката Гаранција за млади. Во изминатата година во Гаранција за млади беа вклучени 5266 лица (2694 жени), од кои 1839 лица или 35% се вработија во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенцијата.

Носител на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2018 е Министерството за труд и социјална политика, а имплементатор е Агенцијата за вработување на Република Македонија. За негова реализација беа потрошени 975 240 683 00 денари.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски