(ВИДЕО) Богов: Странските инвеститори се несигурни кога има политички битки

Од:

Економијата бара мирен амбиент, стабилни и предвидливи услови за работа и стабилни институции кои функционираат, така што најдобро е сите политички битки да се водат во рамките на институциите, бидејќи кога не е така странските инвеститори не се чувствуваат толку сигурни, вели гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за Радио Слободна Европа.

Смета дека е важно што нашите институции функционираат.

– И на странските инвеститори тоа им е најважното, дали институциите функционираат. Политичките проблеми ги има во сите земји. Некаде поголеми, некаде помали. Тие и сметаат дека во земји како Македонија каде демократијата е помлада можни се и поголеми политички тензии, но да се во рамките на она што е прифатливо за нив, потенцира Богов.

Според него, нема некое посебно правило за тоа колкав треба да биде растот за повеќе да се почувствува, туку клучно е дали тој раст креира нови работни места и дали се зголемува продуктивноста.

– Само со зголемување на продуктивноста може да растат платите. Со отворање на нови работни места се зголемува бројот на луѓе кои добиваат приход и може да го трошат, значи би влијаело врз потрошувачката односно врз благосостојбата на населението. Во 2005 мислам дека ја имавме највисоката стапка на невработеност, над 37 проценти, од тогаш континуирано таа се намалува. Последниот податок беше за четвртиот квартал од минатата година близу 29 проценти. Се уште е таа висока невработеност, меѓутоа трендот е опаѓачки, посочува Богов.

Тој нагласува дека веќе има некои ефекти од намалувањето на невработеноста.

– За да го чувствуваме многу повеќе тоа, стапката на невработеност треба да биде многу пониска, но трендот е поволен, вели гуверенрот Богов.

Државата, посочува, постојано за своите ликвидносни потреби се задолжува и отплаќа кредити.

– Еве последното задолжување, мислам дека разликата беше околу пет милиони евра. Тие вратија одреден износ кој доспеваше и се задолжија со нов. Тоа е вообичаено работење на државите и обично кога доаѓаат периоди на повисок економски раст, кога буџетите се пополни со приходи, тогаш државите го користат тој момент за намалување на нивото на долг. Во периоди, пак, кога економскиот раст е понизок, кога приходите во буџетот се помали, тие или го вртат оној долг што достасува или, пак, дури и го зголемуваат, прецизира гувернерот Богов во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво