(ВИДЕО) Бочварски: Фотоволтаици ќе може да се поставуваат без одобрение од општините, ќе се менува Законот за градба

Од:

Со новите законски измени во Законот за градба кои ќе бидат доставени до Собранието, домаќинствата и компаниите ќе можат да поставуваат фотоволтаични панели на своите објекти без дозвола од матичните општини.

– И во постоечкиот закон има процедура, но неизвесноста во оваа енергетска криза обврзува да се донесат поедноставни процедури. Фотоволтаичните централи можат да бидат поставени кај домаќинства со максимална моќност од 6 киловати и кај правни лица до максимални 40 киловати. Панели може да се постават и од страна на заедница на станари, но струјата може да се користи само за заедничките простории. На граѓаните нема да им треба решение од матичната општина.

Инвеститорот треба само да ја изведе матичната општина и да достави извод од централен регистар ако се работи за компанија или лична карта ако се работи за физичко лице – рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе биде потребен и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот како и основен проект за поставување на фотоволтаична централа.

– Мора да се ангажираат лиценцирани изведувачи кои ќе одговораат кривично ако централите ја надминуваат ангажираната моќност. Контрола на градбата ќе вршат градежните инспектори. Со овие измени им излегуваме во пресрет на компаниите и граѓаните. Сега се префрла обврската на граѓаните и компаниите да изготват проекти и да почнат да градат централи. Администрацијата нема да биде пречка за инсталирање на фотоволтаици – додаде Бочварски.

Со оние фотоволтаици кои веќе се поставени од компаниите, останува процедурата како и претходно затоа што постапките веќе биле почнати.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО