(ВИДЕО) Бектеши: Не може еден ист леб некаде да биде 28, некаде 33 денари

Од:

По замрзувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, министерот за економија Крешник Бектеши ги повика мелничарите заеднички да најдат одржливо решение кое ќе биде поволно за сите – и за граѓаните и за компаниите. Воедно ги обвини дека вчера изнеле неточни податоци во однос на цената на лебот.

-Цените на белиот и полубелиот леб се движат од 28 до 45 денари зависно од производителите. Сметаме дека не е во ред да има толку голема разлика во производство на одреден леб, а зборуваме само за два вида.

Затоа, поддршката од Владата треба да им се врати на граѓаните. Сакам да ја повикам Групацијата на мелничари, да седнеме, да разговараме за да се најде соодветно решение, да донесеме одржливи одлуки, да има вин-вин ситуација посебно за граѓаните, а не еднострана добивка.

Да им олесниме, посебно на најранливите категории граѓани. Имајќи предвид дека последните 3 – 4 месеци можеби 10 – 20 пати имавме состаноци со мелничарите, не е фер, ниту транспарентно да се кажуваат невистински податоци зашто е проверено од сите надлежни институции – рече Бектеши.

Министерот за економија го спомена и претседателот на групацијата, еден од двајцата што вчера излезе на прес-конференција како сопственик на една од најголемите компании за леб, дека има цена под 33 денари на бел и полубел леб.

– Тоа е утврдено од Ддржавниот пазарен инспекторат (ДПИ). Затоа, да не криераме хистерија кај граѓаните. Ако треба тоа и јавно ќе го објавиме како податок зашто сакаме отворено да дискутираме со сите засегнати страни, но приоритет е интересот на граѓаните, подвлече Бектеши.

Според ДПИ, како што додаде министерот, во некои градови цените на белиот и полубелиот леб се пониски од 32 денара.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски