(ВИДЕО) Бектеши: Мерката за „етничките вработувања“ е во Владината програма изгласана од Собранието

Од:

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој сепак прецизира дека мерката нема да важи само за Албанците, туку за сите етникуми и за сите правни субјекти во државата.

„Поглавјето во Владината програма, усвоена од Собранието. Тоа е поглавјето за еднакво општество за сите, страна 39, параграф 3 каде е опишано како ќе изгледа мерката. Политичарите да ги читаат мерките пред да даваат коментари“, рече Бектеши.

Министерот изјави дека веќе се разгледуваат неколку опции тоа од наредната година да почне да се реализира.

„Мојот личен став и на министерството е дека нашите сектори ќе работат на креирање на такви мерки. Што се однесува на коментарите, јас само би сакал да ве повикам на владината програма која се усвои од страна на собранието, а ние како членови на владата сме задолжени да ја реализираме“, рече Бектеши.

Тој најави дека со наредниот предлог буџет за 2021 година ќе се разгледа креирањето на ваквите мерки.

Бектеши појасни дека етничката припадност нема да биде пресудна при вработувањата, туку квалификациите.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА