(ВИДЕО) Анѓушев: Меѓународните институции веруваат во позитивниот правец на македонската економија

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев оцени дека кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија од страна на агенцијата „Фич“ е потврда за преземените активности, реформите и правилната насока по која се движи македонската економија.

– Оваа потврда од „Фич“ покажува дека меѓународните институции кои ги оценуваат состојбите во државата веруваат во позитивен исход и позитивен правец во кој се движи економијата во Република Македонија, изјави денеска вицепремиерот Анѓушев по фрлањето на крстот во Скопје.

Со оваа оцена, „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, истакнувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки и фискалното правило за општините.

Според извештајот, напредокот во решавањето на проблемот со името со Грција, ќе го асфалтира патот на Македонија кон членство во НАТО и ќе го поддржи почетокот на формални преговори за членство во ЕУ, а констација е дека подобрената политичка стабилност влијаела за закрепнување на економската активност.

Во извештајот уште се оценува дека растот на БДП ќе забрза од 2,3 проценти во 2018, на 3,2 проценти во 2019 година и 3,6 проценти во 2020 година. Подобрено е управувањето со јавните финансии преку програма усогласена со ЕУ, а „Фич“ уште нотира и дека државниот долг од 40,8 проценти од БДП на крајот на 2018, според официјалните оценки е под медијаната на групата на слични други земји од 47 проценти, додека гарантираниот долг изнесува 8 проценти од БДП.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов