ВИДЕО: Акциите на Тесла паднаа откако Илон Маск запали џоинт

Од:

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт.

Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери. Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел од САД. Маск рече дека ретко пуши марихуана и речиси и да не забележува ефект од неа, но е лоша за неговата продуктивност.

Основачот на Тесла веќе подолго време е под лупа на јавноста поради необичните изјави и јавни настапи со кои предизвика повеќе потреси во цената на акциите на неговата компанија.

Би можело да ве интересира

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Берлин: Запалени четири автомобили на Тесла

Изгубија 209 милијарди долари за два месеци – кој помина најлошо?

А1он

Социјалната мрежа „Х“ е неволја, Илон Маск откри дека платформата е цел на сериозен сајбер напад

А1он

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани