Битиќи, Тренчевска и Алити на средба со Сојузот на синдикати – Владата е согласна дека треба покачување на минималната плата, дијалогот ќе продолжи од среда

Од:

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во Република Северна Македонија.

Како што информираат од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата, вицепремиерот Битиќи, нагласил дека Владата ќе остане конструктивен социјален партнер, кој ќе охрабрува дебата и дискусија за сите важни прашања во општеството, како што е несомнено висината на минималната плата и притоа најави дека веќе во среда, на 2-ри февруари од 15:00 часот, е закажана седница на економско-социјалниот совет на која ќе продолжи дискусијата помеѓу сите три засегнати социјални страни на која главна точка на дневниот ред ќе биде токму висината на минималната плата.

Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити, во дискусијата за време на состаноците, нагласиле дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.

На средбата претставниците на ССМ уште еднаш ги поздравиле одлуките на Владата за „недела неработен ден“ и за замрзнување на цените на основните производи до крајот на февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

СДСМ: Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Горан Наумовски

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Катерина Ѓуровски

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат